• Зоран Мишевски
Одбојкарската сезона е на самиот почеток. Грчки Олимпијакос е противникот на македонскиот шампион Струмица и фокусот на избраниците на Кирил Ричлиев е токму на овој натпревар.
На 17 септември во „Парк“ во Струмица се игра првиот натпревар од квалификациите, од кој многу нешта ќе зависат за исходот на двомечот. Македонскиот шампион денес се пофали со новајлиите Филип Маџунков, Стојан Илиев и Украинецот Роман Волков.
„Сега сме комплетни и интензивно се подготвуваме за првиот дуел со грчкиот Олимпијакос. Се радувам што ни се приклучија и трите засилувања и се надевам дека до првиот натпревар со Грците на домашен терен на 17 септември ќе бидеме во топ форма“, смета тренерот Кирил Ричлиев.
Билетите за дуелот против Олимпијакос наскоро ќе бидат пуштени во продажба и се предвидува голема поддршка за струмичани да се надминат себеси и да го елиминираат славниот Олимпијакос.