Ричлиев го продолжи договорот со ЏИО Струмица

Ричлиев

Македонскиот шампион ЏИО Струмица го продолжи договорот со уште еден од своите најдобри одбојкари.

Се работи за плејмејкерот Тиме Ричлиев ја продолжи верноста со клубот со кој стигна до двојни титули во домашното првенство. Одличниот играч потпиша нов едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Претходно струмичани склучија соработка уште со Урдов, Николов, Михаилов и Милев.