Резервирајте го терминот, Македонија во 17:30 часот со четири од пет меча на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе игра четири од вкупно пет меча во ист термин, во рамки на групната фаза на Европското првенство (ЕП) кое е дебитантско во нашата историја.

Нашиот национален тим ќе игра во групата „Ц“, а четири од петте натпревари се играат во терминот од 17:30 часот. Се работи за дуелите со Финска, Турција, Русија и Словенија, кои се закажани на 12, 13, 14 и 17 септември. Единствен меч во вечерен термин ќе биде со Белорусија, на 16 септември.

  • РАСПОРЕД НА ЕП:

1. ДЕН (12 септември):

14:30 - Турција - Русија
17:30 - Македонија - Финска
20:30 - Словенија - Белорусија

2. ДЕН (13 септември):

17:30 - Македонија - Турција
20:30 - Белорусија - Русија

3. ДЕН (14 септември):

17:30 - Македонија - Русија
20:30 - Словенија - Финска

4. ДЕН (15 септември):

17:30 - Белорусија - Финска
20:30 - Турција - Словенија

5. ДЕН (16 септември):

17:30 - Русија - Финска
20:30 - Турција - Белорусија

6. ДЕН (17 септември):

17:30 - Словенија - Македонија
20:30 - Турција - Белорусија

7. ДЕН (18 септември):

17:30 - Словенија - Русија
20:30 - Финска - Турција

Нашиот национален тим одработе квалитетни подготовки, а завршницата ја мина во Австрија, а потоа тренираше и во Марибор, за на крај да пристигне на завршната дестинација Љубљана, каде се одржа и официјалниот тренинг во салата „Стожице“ каде ќе се играат сите мечеви.

Во наредната рунда на Европското првенство патуваат најдобрите четирипласирани селекции во групата.