Репрезентативниот либеро потпиша за Струмица

Вкупно пет одбојкарски репрезентативци на Македонија ќе бидат во составот на Струмица за европските настапи на македонскиот одбојкарски шампион. Стратегот Кире Ричлиев за мечот против грчки Олимпијакос, освен на искусниот Владо Милев може да смета и на Филип Маџунков, Стојан Илиев, Филип Липидовски, Дарко Ангеловски.

Либерото Ангеловски последен се приклучи на струмичкиот прволигаш. Се работи за миленик на македонската одбојкарска публика и големо засилување за актуелниот првак и нашиот најтрофеен клуб. 

„Сега сме комплетни и интензивно се подготвуваме за првиот дуел со грчкиот Олимпијакос. Се радувам што ни се приклучија и засилувањата и се надевам дека до првиот натпревар со Грците на домашен терен на 17 септември ќе бидеме во топ форма“, рече тренерот Кирил Ричлиев.

Првиот натпревар со Грците, Струмица го игра на домашен терен на 17 септември, а реваншот е седум денови подоцна во Пиреја. Доколку нашите одбојкари не успеат да го поминат квалификациското коло, тогаш ќе настапат во Купот на ЦЕВ каде на први октомври ќе го очекуваат победникот од натпреварот меѓу Инсбрук и Капошвар.