Репрезентативецот Махаилов ја напушти Струмица и потпиша за Вардар

Васе Михаилов во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот претставник во Челинџ Купот во одбојка, екипата за Вардар. Репрезентативецот го напушти шампионот Џио Струмица и се обврза на двегодишна соработка со вардарци.

Клубот од Скопје го официјализира трансферот на струмичанецот и најави уште нови имиња ова лето. Михаилов краток период настапуваше во Албанија и сега врти нов лист со трансферот во Вардар.

Пред неколку дена Вардар го доведе српскиот интернационалец Лазар Мочиќ, а потврден е голем дел од ростерот од минатата сезона.