Репрезентативецот Владо Милев нов претседател на Џио Струмица

Редовното собрание на Здружението граѓани „ОК Џио Струмица“ одлучи да направи промени во раководството.

За нов претседател беше избран актуелниот македонски репрезентативец и член на првата екипа на струмичкиот гигант Владо Милев. 

„Целите остануваат исти. ОК Џио Струмица да е секогаш конкурентен за титула во шампионатот. Со моето знаење и искуство стекнато низ повеќе одбојкарски клубови, но и со искуството со репрезентацијата, сметам дека можам многу да придонесам за развој на клубот со посебен акцент на младите категории. Имаме план и програма за работа. Останува уште да се доекипираме организациски и да почнеме да функционираме како што ни е во план“ , изјави Милев за „Drnka.mk“.

Струмичани до крајот на сезоната ќе атакуваат на одбрана на двојната титула.