Работнички-Жени и Работнички Скопје со предност на домашен терен во плеј-офот

Заврши регуларниот дел на женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. Во рамките на 10. коло од Втората фаза двете екипи на Работнички запишаа битни победи и дистанцата меѓу двете екипи на крајот од регуларниот тек останува само еден бод разлика.

Така скопските тимови со предност од еден натпревар повеќе против Јанта волеј и Наковски волеј ќе го започнат разигрувањето. 

Втора фаза - 10. коло
Работнички-Жени - Јанта волеј 3-0 (25-10, 25-5, 25-16)
Работнички Скопје - Пелистер волеј 3-0 (25-15, 26-24, 25-19)
Виктори волеј - Наковски волеј 0-3 (18-25, 23-25, 19-25)
Универзитет во Тетово - Македонија Макс 3-2 (25-19, 16-25, 25-15, 11-25, 15-9)
УГД Студент - Бами Кор 2-3 (25-12, 22-25, 25-22, 14-25, 14-16)
Слободна Ускана 

Плеј-оф (полуфинале):
Работнички-Жени - Јанта волеј
Работнички Скопје - Наковски волеј