Работнички убедлив во третиот меч, победа ги дели од одбрана на титулата

Одбојкарките на Работнички Скопје се на чекор до одбрана на ланската титула во македонскиот шампионат. Во третиот натпревар од финалната серија до три победи, тие вечерва се радуваа против Јанта волеј со 3-0 (25-12, 25-23, 25-21) и поведоа со 2-1.

Следното соочување е во Кисела вода, а може да биде последно доколку слават актуелните првенки. Во спротивно ќе има мајсторка за првенствениот трон на теренот на Работнички Скопје.

Вчера во Струмица, одбојкарите на Струмица Никоб го добија и третиот натпревар против ГОК Борец и ја освоија десеттата титула првак на Македонија,