Работнички спремен за европско деби, Волунтари голем фаворит во двомечот

Откако Струмица ги заврши своите настапи во Лигата на шампионите и се подготвува за настап во ЦЕВ Купот, единствениот женски македонски тим во евро-куповите се наоѓа пред своето деби,

Македонскиот шампион, Работнички, е подготвен за својот прв настап во ЦЕВ Лигата на шампиони. Одбојкарките на Работнички денес ја пречекуваат екипата на Волунтари 2005 од Романија. Гостинските одбојкарки се големи фаворитки пред оваа средба, но нашите одбојкарки се надеваат на добра игра на оваа средба.

„Навистина е голем предизвик за нас овој настап во Лигата на шампионите и овој двомеч со Волунтари од Романија. Минатата година одигравме два натпревари со екипа од Романија во рамките на ЦЕВ Купот и тоа беше големо искуство за нас. Секако и настапите со репрезентацијата на Македонија ни помагаат да добиеме поголемо искуство пред овие натпревари.

Се надеваме дека публиката во Струмица ќе дојде да не бодри на овој натпревар од кој треба да добиеме уште поголемо искуство. Противникот е голем фаворит, но ние ќе се обидеме со максимална борбеност да дојдеме до што е можно подобар резултат, иако сме екипа составена од млади одбојкарки“, рече една од најдобрите одбојкарки на Работнички, Антонија Баталаковска.

Работничкки својот натпревар со Волунтари ќе го вечерва од 19:00 часот во салата „Парк“ во Струмица.