• Зоран Мишевски

Женската екипа на Работнички го заврши својот настап на европската сцена. Македонскиот првак доживеаја нов убедлив пораз од грчкиот Заон Кифисија со 3-0 во сетови (25-9, 25-10 и 25-7) и испаднаа од Челeнџ Купот.
Македонскиот шампион не успеа да пружи посериозен отпор за време на 62-минутниот дуел во салата „Јане Сандански“. Најефикасни во нашиот тим беа Карија Трифуновска и Ана Павлоска со по шест освоени поени.
Кај гостите од Грција се истакнаа Аикатерина Гиота и Фероники Зиога, кои забележаа по единаесет поени. По двата порази со идентичен резултат, младата генерација на Работнички сега се фокусира исклучиво на домашното првенство.
