Работнички Скопје со пресврт го доби дербито во Наковски волеј

Видно засилениот тим на Работнички Скопје ја демонстрираше својата моќ во директниот дуел во Струмица против младиот тим на Наковски волеј. Иако скопјанки го загубија првиот сет, ги добија наредните три и извојуваа победа во четири сета.

Драма имаше и во вториот скопско-струмички дуел. Со победа во тај-брејкот со 10-15, лидерот Струмица жени извојува победа на теренот на Јанта волеј (2-3) 

Прва лига (жени)
Втора фаза-1, (петто коло):

Јанта волеј – Струмица жени                        2-3 (25-22, 25-20, 24-26, 22-25, 10-15)
Наковски волеј – Работнички Скопје              1-3 (27-25, 16-25, 16-25, 17-25)

Со биланс 18/1 води екипата на Струмица жени, пред Јанта Јанта волеј 13/6, Работнички Скопје 11/8 и Наковски волеј 10/9.

Прва лига (жени)
Втора фаза-2, (петто коло):

Младост УГД – Фит фан волеј                       2-3 (25-22, 25-20, 24-26, 21-25, 11-15)
Вардар ЕМ – Вардар жени                             3-0 (25-12, 25-19, 25-10)

Фит фан волеј е убедливо прв со три бода повеќе од, Младост УГД.