• Горан Упале
По лошиот старт на пролетниот дел од сезоната шампионот Работнички Скопје експресно се врати на победничките патеки и тоа со триумф во пет сета над еден од директните ривали за титулата, Јанта Волеј КВ, во дербито од второто коло од втората фаза од Првата женска лига – 2-3 (25-19, 25-14, 22-25, 22-25, 13-15)
Пред полни трибини во салата „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, одбојкарките на Јанта одиграа две моќни сета и заслужено победа со 2-0. Дмаќинот имаше шанса да ја заврши работата во три сета, водеше со 12-9, а беше во игра и до 17-17, но бранителот на титулата како да се разбуди кога беше најпотребно. Работнички Скопје ја стабилизира играта и во поле и на мрежа, а тоа резултираше со 22-25. Во продолжението притисокот премина на Јанта Волеј КВ, па шампионот го искористи тоа и режираше неверојатен пресврт и запиша голема победа.
Работнички Скопје го предводеа Василевска и Дикова со по 17 поени, додека во редовите на Јанта Волеј КВ Бошковска со 19 поени и Собол со 12 поени беа најефикасни.