Работнички Скопје и Наковски Волеј ќе разигруваат за трофејот во Купот на Македонија

Работнички Скопје

Денес се одигра реваншот од второто полуфинале во Купот на Македонија меѓу Работнички Скопје и Работнички Жени.

Резултатот беше идентичен како и на првата средба, па победникот се решаваше преку „златен сет“. Во истиот со 15-12 беше подобра екипата на Работнички Скопје, која се израдува на пласманот во големото финале.

Таму ќе игра против струмичкиот тим на Наковски Волеј, кој во полуфиналната фаза го елиминира Пелистер Волеј.

Во машка конкуренција останува да се одигра уште вториот меч меѓу Шутова и Џио Струмица. Прв финалист е Универзитет во Тетово, кој го надигра Вардар.