Работнички против бранителот ќе игра за одбојкарскиот Куп-трофеј

Екипата на Работнички Жени успеа да слави над Струмица по четири сета 1-3 (25-12, 16-25, 19-25, 17-25) и така се пласира во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија кој се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Првиот сет тимот на Струмица го доби прелесно. Работнички одигра катастрофално во воведниот дел од мечот и така му дозволи на противникот да слави со 25-12 на стартот. Сепак, вториот сет донесе поианкви случувања - она кое му се случуваше на Работнички на стартот, сега замина на адреса на Струмица. Скопскиот тим дојде до предност од 12-20 и потоа го приведе сетот кон своја корист (16-25), за изедначување на 1-1.

Работнички потоа заигра доста подобро, освоениот сет како да им даде крила на одбојкарките во црвена опрема. Со освојување на третиот сет (19-25) се случи целосен резултатски пресврт, а потоа, иако губеше со 11-9 во четвртиот сет, Работнички се врати со шест поени во низа (11-15) и победи на психолошки план против ривалот.

Во финалето Работнички ќе се соочи со бранителот на титулата Јанта Волеј.