• Мартин Танасковски
Екипата на Работнички 71&22 е последниот патник во полуфиналето од Купот на Македонија во одбојка 2025 во машка конкуренција.
Одбојкарите на Работнички во последното четвртфинале со 3-0 во сетови (25-23, 28-26, 25-19) ја победија Шкендија во Тетово.
Така, Работнички им се приклучи на одбојкарите на Струмица, Борец, како и бранителот на титулата УГД Штип на завршниот турнир кај мажите.