• Мартин Танасковски
Македонскиот шампион Работнички со 0-3 (17-25, 15-25, 17-25) загуби од грчки Заон Кифисија во првиот натпревар од првото коло во Челенџ Купот на ЦЕВ.
Во мечот кој го играа во Атина одбојкарките на Работнички се потрудија да му парираат на ривалот, а тоа најдобро им успеја во вториот сет кога играа рамноправно 8-8, 12-12.
Следуваше серија на домаќинот, кој поради силниот сервис и подобрата реализација на мрежата стигна до водство од 2-0, а потоа и се радуваше на максимална победа.
Трифуновска со осум поени и Атанасова со седум беа најефикасни во редовите на нашиот првак. Реваншот се игра на 3 ноември од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.