• Мартин Танасковски

Одбојкарскиот клуб Работнички не успеа да го одбрани домашниот терен и заврши на второто место на Меморијалниот турнир „Војче Синадиновски“ кој се одигра во Скопје.
„Црвено-белите“ во финалето играа со Звездец од Бугарија, кој успеа да слави по пет сета, со резултат 3-2. До финалето Работнички дојде со победа над Универзитет Гоце Делчев од Штип, додека Звездец беше подобар од Видовдан од Приштина.
Третото место на турнирот „Војче Синадиновски“ го освои Универзитет Штип со чиста победа над Видовдан.