• Горан Упале
Македонскиот женски одбојкарски шампион, Работнички, забележа уште еден пораз и со тоа ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. По поразот во Скопје македонските одбојкарки беа поразени и на реваншот во Миовени, во кој романскиот првак Волунтари одново славеше со убедливи 3-0 (25-11, 25-16, 25-15).
Романскиот претставник и на овој натпревар покажа дека е за класи поквалитетен од Работнички и одново без многу проблеми впиша сигурен триумф и го испрати македонскиот шампион во првото елиминационо коло од ЦЕВ Купот.
Во првиот сет одбојкарките на Работнички успеаја да освојат само единаесет поени, нешто поквалитетни беа во вториот сет (16), додека во последниот Волунтари го освои со 25-16 и заслужено патува во следната фаза во европската елита.
Најпрецизни во нашиот табор беа Баталаковска и Ѓурѓевиќ со по шест поени, а по четири имаа Милевска, Павловска и Николова.