• Зоран Мишевски
Македонската одбојка веројатно ќе остане без претставник во европските клупски натпреваруеања. Женскиот првак Работнички загуби и во вториот натпревар од романскиот тим Алба Блај.
Романките славеа со убедливи 3-0 (25-17, 25-8, 25-8) во првиот натпревар од второто коло на ЦЕВ Купот.
Одбојкарките на Работнички во првиот дел освоија 17 поени, но во наредните два тотално потфрлија.
Возвратниот натпреварот се игра за седум дена во Скопје.