Работнички, Наковски Волеј и Јанта Волеј на завршницата од одбојкарскиот Куп

Екипите на Работнички, Наковски Волје и Јанта Волеј се трите екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. 

Работнички со 3-0 го совлада тимот на Младост УГД, Наковски волеј во три сета го елиминираше Вардар ЕМ, а Јанта Волеј со максимални 3-0 го надигра Газели Волеј. Фаворитите ја потврдија улогата и ќе бидат дел од турнирот на кој ќе се борат за првиот трофеј сезонава. 

Последниот учесник во полуфиналето ќе биде познат по натпреварот меѓу Пелистер Волеј и Фит Фан Волеј. 

Последниот патник во завршницата ќе биде познат утре, за кога е закажан мечот меѓу Фит Фан Волеј и Пелистер Волеј.