• Саше Љолес
Одбојкарките на Работнички од Скопје извојуваа убедлива победа кај екипата на Наковски Волеј во 12. коло од Првата женска лига на Македонија.
Гостите од главниот град славеа со 0-3, по сетови 12-25, 14-25 и 23-25, со што максимално ја потврдија фаворитската улога на овој натпревар. Победа во ова коло остварија и екипите на Вардар и Фит Фан Волеј.
Вардарки со 3-0 ја надиграа Струмица, додека Фит Фан со 1-3 славеше на гостувањето кај екипата на Младост УГД.
Лидер во првенството е екипата на Јанта Волеј.