Работнички ја израмни финалната серија со Наковски Волеј

Одбојкарскиот клуб Работнички го добија вториот финален натпревар против Наковски Волеј (3-1) и ја израмнија серијата на 1-1 во борбата за тронот во женската Прва лига. 

Скопскиот тим го оправда домашниот терен, го доби првиот сет со 25-21, но веќе во вториот Наковски Волеј се врати со 14-25. Сепак, до крајот Работнички беше подобар, ги доби преостанатите два израмнети сета со 26-24 и 25-23.

Сега серијата е израмнета и повторно се сели во Струмица. Средбата во салата „Парк“ ќе се одигра в понеделник.