Работнички ја доби клучната битка со Јанта Волеј

Одбојкарките на Работнички Скопје забележаа важна победа над Јанта Волеј со 3-1 (27-25, 23-25, 25-18, 25-21) во директниот дуел за третото место на табелата во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига жени.

Градските ривали водеа голема битка за подобра позиција во пресрет на плеј-офот, а гостинките беа посигурни и поконцентрирани и предводени од Тамара Стојанова со 26 поени и

Марија Василевска со 16 поени стигнаа до посакуваните бодови.
Во тимот на Јанта Волеј, Мери Бошковска со 18 поени беше најефикасна следена од Татјана Јаневиќ со 15 поени.