Работнички ја доби драмата во пет сета во Струмица

Во Првата женска одбојкарска лига календарската година заврши со натпреварите од 13. коло. Работнички Скопје славеше водербито со Наковски волеј во пет сета и со максимален биланс 13-0 ќе презими на водечката позиција. Наковски има единаесет победи, а Струмица жени и Јанта волеј Кисела вода по девет, така што е јасно кои четири екипи ќе се пласираат во наредниот круг, а потоа и во разигрувањето за титулата.

Во вториот дел од табелата најдобар е Фит фан волеј со четири победи, една повеќе во однос на саботниот противник Универзитет во Тетово и во споредба со Пелистер волеј.

Вардар жени е на последното место.

Прва лига (жени)
13. коло:

Наковски волеј – Работнички Скопје           2-3 (25-23, 16-25, 13-25, 25-23, 11-15)
Јанта волеј Кисела вода – Вардар жени     3-0 (25-13, 25-14, 25-18)
Фит фан волеј – Универзитет во Тетово      3-1 (9-25, 25-17, 25-22, 25-21)
Пелистер волеј – Струмица жени                1-3 (17-25, 14-25, 26-24, 22-25)