• Иван Димовски
Одбојкарките на Работнички Скопје славеа со 3-0 против Наковски Волеј и ја израмнија финалната серија во женското финале на Првата лига.
Домаќинките во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“ беа сигурни, па во три сета го совладаа ривалот и изборија „мајсторка“. Работнички го доби првиот сет најубедливо со 25-15, а потоа вториот и третиот беа изедначени и идентични резултатски (27-25, 27-25).
До победата Работнички го водеа Тамара Стојанова и Антонија Баталаковска со по 12 поени, додека Андротеа Милевска запиша 11. Во таборот на Наковски Волеј со девет се истакна Сара Марковиќ, а Ивана Милева заврши со осум.
Мечот за трофејот ќе се одигра во Струмица в понеденик во 18:00 часот.