Работнички и Наковски волеј моќно ја почнаа новата одбојкарска сезона

Сите домашни екипи запишаа победи во првото коло од новиот одбојкарски шампионат на Македонија. Работнички и Наковски волеј не загубија ниту сет, а драмата во Скопје меѓу Вардар ЕМ и Ускана им припадна на домашната екипа.

Прва лига (ж) 
Прво коло:

Работнички – Струмица  3-0 (25-20, 25-9, 25-19)
Наковски Волеј – Младост УГД  3-0 (26-24, 25-17, 25-15)
Вардар ЕМ – Ускана  3-2 (18-25, 25-12, 26-24, 17-25, 15-13)
Јанта Волеј – Фит Фан Волеј  3-1 (26-16, 25-27, 25-15, 25-17)

Титулата од сезоната 2023/24 ја брани скопски Работнички.