Работнички го доби дербито на есента со Јанта волеј

Одбојкарките на Работнички Скопје со 3-1 славеа во дербито со Јанта Волеј КВ во рамките на претпоследното коло од есенскиот дел во Првата женска лига. Дуелот беше извесен и во ниту еден сет немаше драма.

Сепак, и покрај поразот, Јанта Волеј КВ останува на врвот на табелата.

Победи запишаа и екипите на Младост УГД, Вардар ЕМ и Наковски волеј. 

13. коло:
Младост УГД- Ускана    3-0    (25-5, 25-9, 25-10)            
Фит-фан волеј - Вардар ЕМ    0-3 (22-25, 20-25, 23-25)        
Струмица жени - Наковски волеј    0-3 (17-25, 20-25, 15-25)        
Работнички Скопје    - Јанта волеј - КВ    3-1 (25-12, 16-25, 25-15, 25-16)