Работнички домаќин на меморијалниот турнир „Војче Синадиновски“

Македонскиот одбојкарски прволигаш Работнички, во соработка со Град Скопје и Општина Центар, ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Војче Синадиновски“. 

Почетокот на турнирот е закажан за 16 септември, а натпреварите ќе се одиграат во салата „Парк“ во Скопје. Учество ќе земат четири екипи, а покрај домаќинот, уште ќе настапат тимовите на Звездец од Бугарија, Видовдан од Приштина, како и Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип. 

Меморијалниот турнир се одржува во чест на починатиот Војче Синадиновски, кој беше основач на Работнички и мина повеќе од четири децении како активен спортски работник во Македонија