• Зоран Мишевски
Со тринаесет тимови и еден изразит фаворит за титулата, на 19 октомври ќе започне 33. шампионат на Македонија во одбојка. Ждрепката сакаше ланските финалисти да започнат на домашен терен, а новајлијата Јанта волеј да биде слободна на стартот.
Љафтов и браќата Георгиеви ќе дебитираат на домашен терен против Лирија, а победникот на Купот, Штип УГД пред своите гледачи ќе го пречека Универзитет во Тетово.
Прво коло:
Вардар 1947 – Работнички 71&22
Струмица -- Лирија
Штип УГД – Универзитет во Тетово
Весна Пробиштип – Шкендија
Борец – Сушево
Скопје – Македонија Џио
Слободен: Јанта Волеј
Во последните десет години шампионската титула завршуваше во витрините на струмичкиот прволигаш.