Првакот гостува во Пробиштип, Вардар на тежок испит во скопското дерби

Со триумфи над тетовските ривали, актуелниот македонски одбојкарски првак ја покажа амбицијата и сезонава да ги задржи двете титули. Оттука, тешко е да се поверува дека екипата на Струмица 47&72 може да има проблеми на гостувањето кај Весна Пробиштип иако зелено-црните досега остварија три победи на пет натпревари, а тоа значи дека се во конкуренција за пласман во Втората фаза-1.

Во реална трка се седум, па и осум тимови, со напомена дека сеуште нема јунак којшто ќе може да го оспори водечкото место на струмичани. ГОК Борец е најблиску до шампионот со биланс 4-1, а доколку слави над Универзитетво Тетово, не само што ќе остане зад лидерот, туку и ќе направи предност од победа над слободната Шкендија, како и две во споредба со билансот на утрешниот противник.

Во седмото коло Штип УГД е фаворит на теренот на Македонија Џио,исто како и Лирија против Дибра волеј, односно Вардар кај Јанта волеј, така што во случај да нема изненадувања, црвено-црните ќе ги достигнат двете победи на саботниот ривал, а штипјани и Лирија ќе имаат по четири, што ќе значи можност да напредуваат на табелата.

Прва лига (мажи)
(Седмо коло):

Весна Пробиштип – Струмица 47&72         (сабота, 18:00)
ГОК Борец – Универзитет во Тетово           (сабота, 20:00)            
Македонија Џио – Штип УГД                        (сабота, 14:00)
Дибра волеј – Лирија                                    (сабота, 19:00)
Јанта волеј – Вардар                                    (сабота, 19:30) 
Слободна: Шкендија