• Горан Упале
Прва тај-брејк победа за Пелистер волеј сезонава во третиот ваков натпревар за битолскиот клуб во најсилната женска лига. Во последниот натпревар од осмото коло од шампионатот битолчанки ја добија драмата со Газели волеј и на крај славеа заслужена победа од 3-2 во сетови (25-18, 16-25, 25-21, 22-25,15-8).
Во дербито на дебитантите во прволигашкото друштво двете екипи одиграа одличен натпревар, интересен, неизвесен, со убави поени и тактичко надмудрување. Во решавачкиот сет домаќинот влезе фуриозно со 7-1, односно 8-2 на промена на страните и потоа мирно дојде до победа од 15-8, или вкупно трета во првенството.
Шај Мекги до 22 поени беше најефикасната во редовите на Пелистер волеј, додека Симона Стојановска имаше 8 поени. Кај Газели волеј, Теа Терзиевска постигна 22, следена од Мила Дикова со 14 поени.