ВИДЕО: Промотивно видео на одбојкарите пред ЕП - ЖИВЕЈ ГО СОНОТ!

Најдобрите одбојкари на Македонија интензивно се подготвуваат за дебитантскиот настап на Европското првенство оваа есен.

Тие ќе играат во група со бранителот на трофејот Русија, домаќинот Словенија, Финска, Белорусија и Турција. 

На Фејсбук страницата на Одбојкарската федерација на Македонија излезе промотивно видео со кое е најавен настапот на континенталниот собир под наслов - ЖИВЕЈ ГО СОНОТ!

Македонските репрезентативци во Скопје ја одработија првата фаза од подготовките, а на Маврово работат во втората во која селекторот Никола Матијашевиќ ќе ги постави и тактички-техничките детали пред ЕП.