• Горан Упале

Одбојкарската селекција на Полска ја совладаа Италија со 3-0 (25-20, 25-21, 25-23) во големото финале во Рим и е нов шампион на Европа. Откако сега веќе поранешниот европски првак неочекувано лесно ја совлада Франција во полуфиналето, сега Полска ги „исчисти“ Италијанците среде Рим и со тоа ја освои втората титула.
Полјаците во воведниот сет имаа предност од првиот до последниот поен, се движеа на растојание до максимални осум поени разлика 14-22, а сетот заврши со резултат 25-20 за гостите. Во вториот сет гледавме повозбудлива и понеизвесна битка на теренот, но сепак и овој пат поуспешни беа Полјаците кои со 25-21 поведоа со 2-0.
Третиот сет требаше да им припадне на Италијанците, но Полска повторно беше подобра во последниот дел од сетот и заслужено се радува на нов златен медал.
Полјаците на тој начин им се реваншираа на Италијанците за поразот во финалето на Светското првенство во нивната земја.