Познати полуфиналистите на женското ЕП, Полска го фати „последниот воз“

Според очекувањата Србија и Италија ќе играат во првото, а Турција и Полска во второто полуфинале на Европското првенство за одбојкарки, кое се игра во четири земји. Најголема драма донесе дуелот меѓу Полска и Германија, кој полските одбојкарки го одбија во пет сета.

Четвртфинале:
Србија – Бугарија 3-0 (25-19, 25-18, 28-26)
Италија – Русија 3-1 (25-27, 25-22, 27-25, 25-21)
Турција – Холандија 3-0 (25-20, 25-22, 25-20)
Полска – Германија 3-2 (22-25, 25-16, 25-19, 17-25, 15-11)

Полуфиналните натпревари се играат на 7 септември во Анкара, каде ќе се играат сите преостанати натпревари од шампионатот.