Познати паровите од првото коло во одбојкарските шампионати на Македонија

Ждрепката на броевите ги откри паровите во првото коло од одбојкарските шампионати во машка и женска конкуренција.

Бранителот на тронот кај мажите Струмица ќе прави пауза во првото коло. Прволигашкото друштво од оваа година ќе брои 11 екипи, па тоа ќе носи една слободна екипа секоја недела.

  • Универзитет во Тетово - Штип УГД
  • Вардар - Лирија
  • Шкендија - Дибра волеј
  • Јанта волеј - Македонија Џио
  • ГОК Борец - Весна Пробиштип

Кај девојките ќе настапат најдобрите осум екипи од ланската сезона.

  • Јанта Волеј Кисела вода - Фит фан волеј
  • Вардар - Пелистер волеј
  • Струмица - Работнички
  • Универзитет во Тетово - Наковски волеј

Есенскиот дел од сезоната ќе трае од 16 октомври до првата половина на декември.