Познати групите за Ф6 на Лигата на нации во одбојка во Чикаго

Почнувајќи од среда, па се до следната недела, американскиот град Чикаго ќе биде домаќин на „фајнал-сикс“ на Лигата на нации во одбојка во машка конкуренција. Веќе е познат составот на двете групи.

Група А:
Франција
Русија 
САД

Група Б:
Бразил
Полска
Иран

Двете најдобропласирани од секоја од групите ќе играат во полуфиналето, а потоа по елимининационен систем ќе се добие победникот. Финалето е в недела навечер по средноевропско време.

Во финалето на женската Лига на нации во Кина, САД ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 3-2.