Познати градовите домаќините на ЕП во одбојка, финалето во полскиот град Катовице

Македонската одбојкарска репрезентација го дефинира планот за подготовки за квалификациите за Европското првенство во 2121 година. Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави градовите домаќини на 32-то првенство на стариот континент.

Од 30 август до 15 септември 2021 година најдорбите 24 селекции ќе се натпреваруваат во четири земи. Натпреварите ќе се играат во три града во Гдањск, Краков и Катовице во Полска, во чешкиот град Острава, Тампере во Финска и во естонскиот Талин. Завршните натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за медали, треба да се играат во Катовице.

Двата турнири од обојкарските квалификации за Европското првенство ќе се играат во Скопје. Термините за натпреварите во салата „Борис Трајковски“ дополнително ќе се утврдат, а предвидени се од 10 до 17 јануари.

Македонската репрезентација првпат настапи на шампионатот во 2019 година, во групата Ц, во Љубљана, и го освои петтото место, завршувајќи го шампионатот со две победи, над Словенија и над Белорусија.