• Зоран Мишевски

Полската доминација во одбојкарската Лига на шампиони заврши со драматичната победа на Козле Кедзиерзин против Јастребски Вигел со 3-2 во сетови (26-28, 25-22, 25-14, 28-30, 15-12).
Финалето влезе на крајот од третиот час, а дури во тај-брејкот Козле Кедзиерзин стигна до титулата. Американецот Дејвид Смит од победничката екипа беше прогласен за МВП на завршницата.
Полуфиналните натпоревари на завршниот турнир во Торино, поразени беа Монини Перуџа и Халкбанк Анкара.
Во женското финале се сретнаа две турски екипи. Нов европски првак е Вакифбанк, кој во четири сета го надигра Езачибаши со (3-1). Италијанката Егону од Вакифбанк е најкорисен играч на „фајнал-фор“ турнирот.