• Иван Димовски
Одбојкарската репрезентација на Полска го освои трофејот во Лигата на нации, победувајќи ја Италија со сигурни 3-0 во финалето на завршниот турнир во Нингбоу.
Полјаците одиграа перфектно финале, го добија првиот сет најтесно со 25-22. Потоа како одминуваше времето отпорот на Италијанците беше сè помал, па Полска ги доби следните два сета со 25-19 и 25-14.
Најдобар поединец во финалето беше Леон со 16 поени, додека Семењук имаше 13, а од Италија се истакна Лавија со 11 поени.
Претходно во „малото финале“ бронзениот медал му припадна на Бразил кој со 3-1 ја совлада селекцијата на Словенија (23-25, 25-20, 25-23, 25-19).
ФОТО/PHOTO: FIVB