• Саше Љолес
Одбојкарската репрезентација на Полска се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации, откако во четвртфиналниот натпревар ја надиграа селекцијата на Јапонија со максимални 3-0, по сетови 25-23, 26-24 и 25-12.
Најдобри поединци кај Полјаците беа Кевин Сасак со петнаесет и Томаш Форнал со единаесет поени, додека кај Јапонија најмногу се истакна Кенто Мијаура со седумнаесет поени.
Во полуфиналната фаза Полска ќе излезе на мегдан против репрезентацијата на Бразил.