• Иван Димовски

Одбојкарската репрезентација на Полска се пласира во полуфиналето на Лигата на нациите, откако слави во четвртфиналниот дуел против Украина во четири сета (3-1).
До единаесеттата победа во низа Полјаците стигнаа релативно убедливо, иако Украинците парираа на стартот. Првиот и вториот сет беа израмнето, а завршија со идентичен резултат 25-22, меѓутоа по еден за двете селекции.
Откако беше израмнето (1-1) до крајот Полска се наметна, па иако противникот пружи отпор немаше сили за изненадување. Третиот сет заврши со 25-20, додека четвртиот беше најубедлив со 25-17 за крај на мечот.
Во полуфиналето репрезентацијата на Полска оди на мегдан со Словенија, додека во втората пресметка играат Јапонија и Соединетите Американски Држави.