Полска не дозволи изненадување со Словенија и ќе игра за европско злато

Одбојкарската селекција на Полска според очекувањата, ќе се бори за златото на Европското првенство. Во полуфиналето во Рим, Полјаците ја совладаа репрезентацијата на Словенија со 3-1. Иако словенечките одбојкари добро отворија и поведоа, немаа сили за сензација. 

Првиот сет беше единствен кој им припадна на Словенците. До водство оваа селекција дојде со 25-23, во драматичен финиш. Сепак, тогаш Полјаците тргнаа со подобра игра. Иако ривалот парираше, со 25-21 фаворитот дојде до израмнување (1-1). 

Вториот и третиот сет беа исто така тесни, а Полска ги решаваше во завршните сегменти. Словенија пружи отпор и беше рамноправна, ама полека губеше чекор. Третиот сет полските одбојкари го добија со 25-20, а иако противникот водеше минимално во четвртиот, со 25-21 гигантот дојде до победата. 

Полска по освојувањето на Златната одбојкарска лига, сега има шанса да го крене и трофејот на Европското првенство. Во финалето Полјаците го чекаат победникот од пресметката меѓу Италија и Франција.