Полска ја „збриша“ Србија и се израдува на европската бронза

Полска

Репрезентацијата на Полска е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство со денешната победа над Србија со убедливи 3-0 (25-22, 25-16, 25-22).

Србите не беа на посакуваното ниво на мечот за трето место. Вчера го загубија полуфиналето со Италија и беа спречени да ја одбранат европската титула.

Полската репрезентација немаше проблеми во ниту еден сет. Во текот на цел натпревар имаше контрола над случувањата на теренот и на експресен начин ја израдуваа домашната публика.

Во мечот за злато ќе се борат Италија и Словенија. Финалето е закажано за денес во 20:30 часот.