Полска ја декласира Русија и ќе игра полуфинале на ЕП

Одбојкарите на Полска на домашен терен ја декласираа селекцијата на Русија (3-0) и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Оправдувајќи ја фаворитската улога, одбојарите кои настапуваа како еден од домаќините во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Чешка и Словенија утре. 

Околу денешниот натпревар, Полјаците во целост ја надиграа „зборнаја“. Првиот сет го добија убедливо, со 25-14 откако водеа уште од првиот поен. Русите се спротивставија во продолжението, „покажаа заби“ ама пак го загубија сетот со 26-24. Ниту во третиот сет гостите не успеаја да наметнат темпо, па освен првиот поен беа во константна негатива и загубија со 25-19. 

На овој дуел, со по 14 освоени бодови завршија дури тројца одбојкари. Кај Полска тоа беа Вилфредо Леон Венеро и Бартош Курек, додека кај Русија 14 поеи освои Егор Клиука. 

Полјаците во осминафиналето ја исфрлија Финска, а силно се мотивирани да дојдат до мечот за трофејот и да се борат за златото.