• Саше Љолес
Репрезентацијата на Полска се пласираше во полуфиналето на Европското одбојкарско првенство, откако во четвртфиналната фаза ја совлада Германија со максимални 3-0 во сетови (25-23, 25-17 и 25-17).
Немаа „панцерите“ одговор за мотивираните Полјаци, па така, освен во првиот сет кога дадоа посилен отпор, не можеа да го одржат ритамот на ривалот. Полска сосема заслужено се најде меѓу четирите најдобри, каде ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Белгија и Словенија.
Најефикасен на натпреварот беше Вилфредо Леон со 17 поени, додека Бартоломеј Болаж додаде уште единаесет. Кај Германија, Ерик Рурс заврши со 12 поени, а Кристијан Бранд имаше еден поен помалку.