Полјаците демонстрираа сила и ја декласираа Чешка во Скопје

Ниту по третиот натпревар од групата на Македонија на Европското одбојкарско првенство, нема изненадувања.

Полска во СЦ „Борис Трајковски“ ја декласира Чешка и со максимални 3-0 тргна на еврошампионатот. Чесите немаа сили да му парираат на големиот фаворит кој рутински дојде до стартен триумф во Скопје. 

Првиот сет заврши со најубедлив резултат, а Полска го доби со 25-17. Во продолжението ривалот беше за нијанса подобар, меѓутоа ги загуби вториот и третиот сет со по 25-20 и тука беше крајот на возбудувањата. 

Да потсетиме, Македонија тргна со триумф од 3-1 над Данците, додека Холанѓаните исто така беа убедливи (3-0) против Црна Гора.