• Зоран Мишевски

По бурното лето со бронза во Европската сребрена лига за одбојкарите и наспапот на младите одбојкарки на Европското првенство кај нас, време е за клупскиот репертоар на македонската одбојкарска сцена.
Вкупно 29 клубови на сениорско ниво веќе ја кренаа завесата на 31. сезона, во која Струмица Никоб и Работнички Скопје ќе ја бранат двојната круна од лани. Есенскиот дел од првенство ќе трае до средината на декември, а во двете најсилни конкуренции потоа ќе се игра втората фаза со шесте најдобри екипи кај мажитеи четирите кај дамите.
Нема промени во насока на натпреварувачкиот систем што значи дека во Првата лига (мажи) се планирани единаесет кола есенва, односно секој ќе игра со секого по еднаш, а во Првата лига (жени) ќе има двокружен систем со вкупно 14 кола. Тоа важи и за Втората лига (жени) со напомена дека во неа ќе има осумнаесет кола затоа што учествуваат десет екипи.
Одбојкарките на Работнички Скопје се радуваа во првиот меч за сезоната 2022/23, на гостувањето кај Струмица жени. Победата со 3-1 најавува дека иовој пат тие се главни кандидатки за освојување на пехарите. Според играчкиот кадар и сите други параметри, Струмица Никоб, која е слободна во премиерниот термин, не би требало да има проблеми да остане на тронот во македонската машка одбојка
Прва лига (мажи)
Прво коло:
Петровец – Штип УГД (сабота 13:00)
Универзитет во Тетово – Лирија (сабота, 18;00)
Шкендија – Либеро (сабота, 18:00)
Сушево – Весна Пробиштип (сабота, 18:30)
ГОК Борец – Македонија Џио (сабота, 19:00)
Слободна: Струмица Никоб
Прва лига (жени)
Прво коло:
Струмица жени – Работнички Скопје 1-3 (17-25, 25-23, 18-25, 12-25)
Фит фан волеј – Македонија Макс (сабота, 13:00)
Наковски волеј – Вардар ЕМ (сабота, 18:00)
Јанта волеј – Вардар жени (понеделник, 18:00)