Почнува евро-шампионатот за одбојкарки, Турција ја брани титулата

Почнува евро-шампионатот за одбојкарки, Турција ја брани титулата

Денес почнува Европското првенство во одбојка за жени и ќе трае сè до 6 септември 2026 година.Ова е 34-то издание на престижниот континеталниот турнир, кој за првпат се одржува во парна година по промените во календарот на Светската одбојкарска федерација.

Натпреварите се играат во четири држави: Турција (Истанбул), Чешка (Брно), Азербејџан (Баку) и Шведска (Гетеборг). Учествуваат 24 најдобри европски селекции поделени во четири групи по шест национални тима. Победникот обезбедува директен пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, додека најдобрите три селекции патуваат на Светското првенство во 2027 година

Група А (Истанбул, Турција)
Турција (домаќин)
Латвија
Полскa
Германија
Словенија
Унгарија

Група Б (Брно, Чешка)
Чешка (домаќин)
Австрија
Србија
Украина
Бугаријa
Грција

Група Ц (Баку, Азербејџан)
Азербејџан (домаќин)
Португалијa
Холандијa
Белгија
Романија 
Шпанија

Група Д (Гетеборг, Шведска)
Шведска (домаќин)
Црна Гора
Италија
Франција
Словачка
Хрватска

Бранител на титулата е репрезентацијата на Турција, која на претходното првенство славеше во драматично финале против Србија.