• Зоран Мишевски
Поранешниот претседател на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) Александар Боричиќ по кусо боледување почина денеска во Белград, на 78 години.
Боричиќ, покрај функцијата претседател на ЦЕВ, беше и долгогодишен прв човек на Одбојкарскиот сојуз на Југославија, како и Србија и Црна Гора, односно Србија, а беше и потпретседател на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) како и почесен претседател на Одбојкарскиот сојуз на Србија. Во својата спортска кариера тој бил и репрезентативец, тренер и селектор, и една од клучните личности за популацијата и развојот на одбојката како во регионот, така и во Европа и во светот. Тој е еден од иницијаторите за формирањето на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) како и прв претседател на истата.
Боричиќ беше голем пријател и поддржувач на македонската одбојка и Одбојкарската федерација на Македонија со длабоко жалење ја прими оваа вест.
Одбојкарската федерација на Македонија изрази искрено и длабоко сочувство до семејството!