Почина одбојкарската легенда Ципа, таткото на Лина Ѓорческа

Македонската и тетовската одбојка денеска се збогува со својата легенда Владимир Ѓорчески-Ципа, кој на 66 години почина во Тетово, пренесе Одбојкарската федерација на Македонија.

Ѓорчески кариерата ја започнува во Југохром, каде минува две сезони, а потоа пет години е дел од Работнички и пет сезони настапува за Вардар. Интернационалната кариера ја гради во Барселона, Шпанија и грчки Арис. 

На крајот од играчката кариера повторно играше за Вардар и за Југохром. За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија беше прв капитен на машкиот сениорски национален тим, за кој играше пет години. Инаку, Владимир Ѓорчески е татко на нашата најдобар тенисерка, Лина Ѓорческа.